House Lightroom Exercise 1

Новости на FilmBox – Арманд Асанте во нова серија!

Со почетокот на пролетта започна и расцутувањето на сѐ повеќе нови серијали на FilmBox. На репертоарот имаме нови интересни приказни кои ветуваат добра забава!
„Господин Мејфер“

This image has an empty alt attribute; its file name is 1.jpg


Арманд Асанте и Стивен Бауер се ѕвездите во новиот оригинален серијал на FilmBox, “Господин Мејфер“.
Макс Мејфер го живее „добриот живот“, води ноќен клуб во Лондон и се дружи со најгламурозните луѓе во градот, сѐ така до доаѓањето на неговата непозната внука Барбара. За да се искомплицираат работите, негови поранешни соработници, членови на Њујоршкото подземје; Мајк и Армен се појавуваат кај Макс бегајќи откако убиваат важен човек за Њујоршката мафија. Вмешан и во грабеж во Португалија, на совршениот живот на Макс се заканува и руската мафиј откако Барбара ќе го убеди да им украде милиони. Единствениот начин да го заштити своето семејство е да се вратинакриминалните навикикои се надеваше дека ќе ги остави зад себе.
Серијалот е во режија и копродукција на Филипе Мартинез, „експерт“ за акциони филмови и серии, кој има соработувано со холивудски легенди како Кристијан Бејл, Жан Клод Ван Дам, Стивен Сигал и многу други. Мартинез го режираше „My Dad’s Christmas Date“, исто така за SPI International.
Зборувајќи за неговиот лик одигран во серијата, Арманд Асанте вели „Тој е одлична комбинација на ликовите што ги гледате во 50-тите и 60-тите. Тој е професионален ограбувач на банки, тој е волшебник. И успехот кој го имал како мафијаш го наведува еден ден да каже, знаете што, доста! Проблемот е што никогаш не бегаш од таа историја…“.
„Господин Мејфер“, секој петок од 21:00 на FilmBox Extra!

„Експрес“


This image has an empty alt attribute; its file name is 3.jpg

„Експрес“ е шпанскителевизиски серијал во режија на Габе Ибањез и Ињаки Пењафиел. Во главната улога ја гледаме хероината Барбара играна од Меги Сивантос, а приказната се однесува на таканаречениот нов феномен – експресни киднапирања.
Барбара е криминален психолог. Првата епизода веднаш нѐ внесува во оваа ролеркостер приказна.Барбара станува жртва на експресно киднапирање: нова и заштрашувачка форма на изнуда и ученување што се шири низ целиот свет и, во повеќето случаи, завршува со насилно убиство. По нејзиното киднапирање, Барбара работи започнува да работипомошник во криминални случаи слични на нејзините и нејзината главна цел е да разбере зошто токму таа е одбрана да биде жртвата на следното експресно киднапирање како и да ги открие луѓето кои го уништиле нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.
„Експрес“ првенствено е снимен на филмски сет во Мадрид. Местата за снимање ја вклучуваат и Casa Huarte во областа Puerta de Hierro во Мадрид. Сцените несомнено, и покрај целата акција и брзи дејствија, изобилуваат со убавините на културата на Шпанија.


This image has an empty alt attribute; its file name is 4.jpg
Овој трилер серијал можете да го следите секој понеделник од 21:00 на FilmBox Premium.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Под мотото „Прекрасното непознато” вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

Под мотото „Прекрасното непознато” Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки” вечерва ќе го започне своето …