Здрави намирници кои можат да го загрозат вашето здравје: Со нив не смеете да претерувате

Ништо лошо нема да ни се случи ако повремено јадеме чоколадо, некоја колач, чипс, но важно е да не консумираме премногу секој ден и оброците да ги базираме на здрава храна за која е докажано дека е богата со хранливи материи.
Изборот не е мал, но можеби не сте знаеле дека и со нив не треба да претерувате бидејќи можат да предизвикаат и здравствени проблеми. За кои намирници станува збор?

Вода со лимон


This image has an empty alt attribute; its file name is voda-so-limon.jpg
Жените обожаваат да ја пијат и често го започнуваат денот со неа бидејќи слушнале дека може да помогне во слабеењето, иако стручњаците тврдат дека нема посебен ефект, освен дека лимонот го подобрува вкусот на водата.
Никој не вели дека оваа комбинација не треба да се пие, но, како и во се останато, не смеете да претерувате. Големите количини на напитокот може да ги направат забите почувствителни, да ја оштетат површината на забите и да го отворат патот за појава на кариес.
Сега кога го знаете тоа, не би било лоша идеја да го ограничите внесувањето на други кисело овошје, портокали, лимети или мандарини, како и соковите направени од нив. Значи, тие се здрави, треба да ги јадете, но без претерување.

Овесни снегулки


This image has an empty alt attribute; its file name is zdrava-ovesna-kasa-3.jpg
Многумина ги јадат за појадок бидејќи брзо се подготвуваат, а со додавање на овошје се и одличен десерт. И’ треба да ги јадете бидејќи се богати со влакна, магнезиум и цинк. Сепак, тие често се калорични, особено ако купувате готови мешавини од каша кои можат да бидат полни со таканаречени скриени шеќери.
Затоа ве советуваме да купите обична овесна каша без никакви додатоци и да подготвите слатка или солена каша, но да не користите повеќе од 50 грама снегулки по оброк бидејќи 100 грама има речиси 400 калории.

Риба


This image has an empty alt attribute; its file name is riba.jpg
Рибата е исклучително здрава, содржи витамини Б1, Б2, Б6, Б12, омега-3 масни киселини, но не треба да биде на менито секој ден. Откриено е дека ако ја консумирате еднаш или двапати неделно, ќе го намалите ризикот од смрт предизвикан од проблеми со срцето за 36 проценти.
Само толку е доволно бидејќи прекумерните количини може да доведат до труење со жива, особено ако јадете поголема риба, која се храни со помали риби.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИК ШТО ГИ СПАСУВА БРАКОВИТЕ: Одвојте само пет минути дневно, доволно е…

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста …