Со Џошуа Џексон и Лизи Каплан во главните улоги, осумте епизоди на серијата
Фатална привлечност ќе биде достапна за емитување само на SkyShowtime оваа пролет
Во продукција на Paramount Television Studios и Amblin Television,Фатална привлечност ќе можете да ја гледате на SkyShowtime оваа пролет.

Фатална привлечност е длабинско преосмислување на класичниот психосексуален трилер и култен симбол на културата од 80-тите години. Новата серија ќе ја прикаже фаталната привлечност и безвременските теми поврзани со бракот и неверството низ призмата на модерните ставови кон силните жени, психичките пореметувања и присилната контрола.
Освен Џошуа Џексон во улогата на Ден Галагер и Лизи Каплан во улогата на Алекс Форест, во серијата глумат Аманда Пит во улога на Бет Галагер, Алиса Џирелс во улога на Елен Галагер, Тоби Хас во улога на Мајк Џерард, Рено Вилсон во улога на детективот Ерл Букер и Брајан Гудмен во улога на Артур Томлинсон.
Александра Канингам (Валканиот Џон, Ченс) е сценарист, креатор и извршен продуцент на серијата заедно со извршниот продуцент Кевин Џ. Хајнс (Пери Мејсон), со кого Канингам ја дели заслугата за сценариото, а извршните продуценти Дерил Френк и Џастин Фалви се од Amblin Television. Силвер Три исто така е извршна продуцентка која режира пет епизоди.

Услугите на SkyShowtime се директно достапни за корисниците преку апликацијата на SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, Android уреди и преку веб-страницата: www.skyshowtime.com.
За повеќе детали, посетете:
Веб-страница: www.skyshowtime.com
Вести: corporate.skyshowtime.com
Профил на LinkedIn: www.linkedin.com/company/skyshowtime

За SkyShowtime
SkyShowtime е најновата услуга за емитување содржини којашто се очекува да стане многу популарна во Европа и да се користи во над 90 милиони домаќинства на повеќе од 20 пазари. Отсега достапна и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Шведска. Ќе биде достапна во Андора и Шпанија на 28 февруари 2023 година.
SkyShowtime, заеднички потфат на Comcast и Paramount Global, на малите екрани ја носи најдобрата забава, филмови и оригинални серии од познатите брендови на Universal Pictures, Paramount Pictures, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock. На SkyShowtime исто така ќе се прикажуваат низа ексклузивни локални содржини, како и оригинални серии од Skyshowtime.