НЕЗАПАМЕТНА ТРАГЕДИЈА! ФУДБАЛЕР ГО ГЛЕДАЛ БРАТОТ КАКО УМИРА: Одбранил пенал, се обидел да стане, паднал и починал…

Од Белгија доаѓа трагична вест, каде голманот Арне Еспел (25) починал откако паднал на земја за време на натпреварот.
За време на натпревар кој неговиот клуб Винкел Спорт го играл во белгиската пониска лига, Еспел одбранил пенал, а потоа падна при обидот да ја фати топката.
„Тој го одбрани пеналот, се обиде брзо да стане за да ја фати топката, но потоа само колабираше. Ужас”, изјавил помошникот тренер на тимот Стефан Деверкин.
За целата ситуација да биде уште полоша, помладиот брат на Арне, Арон (20) се вратил во тимот по неколку недели отсуство поради повреда и од клупата ја гледал смртта на својот брат.

„Ова е катастрофа и шок за сите. Арне е во клубот цел живот и е многу сакан. Беше одлично момче, секогаш расположен и подготвен да помогне. Ова е тежок удар, прво за неговото семејство, а потоа и за целиот клуб“, изјавил Патрик Роцер, директор на Винкел, а пренесува белгискиот портал „nieuwsblad.be“.
Арне бил итно пренесен во болница, но за жал, лекарите не можеле да го спасат.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДЕНЕС Е НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН НАТПРЕВАР- Серхио Рамос си заминува од Пари Сен Жермен, се прости со емотивна порака

Шпанскиотфудбалер Серхио Рамос ќе го напушти Пари Сен Жермен и нема да потпише нов договор, …