Витаминот Д е многу важен нутритивен елемент, кој ги зајакнува коските, влијае на доброто расположение, но и на здравјето и функционалноста на целиот организам.
Покрај сонцето и исхраната, извор на витамин Д се и суплементите, но доколку сакате овој витамин да го консумирате сосема природно, во вашето мени треба да ги вклучите намирниците од следната листа, особено во студените зимски денови, кога ни недостасува сончева светлина.
Храната богата со витамин Д е главно риба и полномасни млечни производи, а потоа говедскиот црн дроб, млекото од соја, јагулата и рибиното масло. За да го извлечете максимумот од витаминот Д, потребно е да го комбинирате со магнезиум и калциум.
Печурки
Колку се поосончани, толку печурките се пополни со витамин Д. Покрај другите корисни хранливи материи, една печурка има 2 до 5 IU витамин Д. го чисти телото од слободните радикали и го ослободува од штетните токсини.
Сирење
Калориската вредност што ја имаат зависи и од видот на сирењето, кое најчесто доаѓа од количината на маснотии. Истото важи и за количината на витамин Д содржана во сирењето. Фета, на пример, има помалку витамин Д од Гауда. Заедничко им е тоа што сите ги содржат потребните протеини, минерали и витамини.
Исцеден портокал
Чаша цеден сок од портокал е богата со калциум и витамин Д, како и со минерали кои ги зајакнуваат забите и коските. Количината на витамин Д во цедениот сок од портокал помага полесно да се апсорбира калциумот содржан во него.
Полномрсен јогурт
Освен витамин Д, јогуртот содржи и голем број на различни минерали, од магнезиум и калциум до корисни бактерии и витамини од групата Б. Покрај тоа, јогуртот е богат со калиум, фосфор, јод и цинк, како и со витамин Б5. Од групата на витамини од групата Б е и витаминот Б12 кој го штити нервниот систем. Само една порција јогурт со овошје им помага на мускулите да се опорават после тренинг, имајќи предвид дека јогуртот е богат со амино киселини и протеини.
Жолчка
Јајцата се одличен извор на витамини А, Д, Б2, Б12, железо, цинк, калциум, магнезиум и рибофлавин. Жолчката е најбогатиот дел од јајцето, која покрај протеини има и висока содржина на минерали и витамини, особено витамин Д. Витаминот Д има улога да ги апсорбира останатите витамини кои го придружуваат.
Фото: Архива
