Еко Логистик Сервис го прослави својот 5-ти роденден

Еко Логистик Сервис го прослави својот 5-ти роденден. Компанијата која за прв пат се појави на нашиот пазар во 2018 година и од тогаш па сѐ до денеска на вистински начин се грижи за своите корисници и клиенти. За само пет години Еко Логистик Сервис успеа да прерасне во најбрзо растечка компанија на Балканот и заслужено да биде број еден пошта во Македонија за достава за секаков тип на пратки.

This image has an empty alt attribute; its file name is 3-1.jpg
На прославата на роденденот на ЕЛС која се одржа на 21.03.2022 во City Hall беа присутни вработените во компанијата, голем број партнери, кленти, здруженија и хуманитарни организации и лица од јавниот живот во Македонија, а генералниот директор и основач на ЕЛС, г-динот Игор Гешовски ја потенцираше енергијата и синергијата која владее во компанијата. Во своето обраќање тој ги нагласи силните страни и резултатите кои ги постигнаа досега, но зборуваше и за идните големи проекти на Еко Логистик Сервискоипланираат дагиреализираатвотековната 2023 годинакако што се ескпресната достава во рок од еден час, пакување на пратките, соблекувални во секој хаб, two men delivery, 24 часа дежурен телефон, примање на пратки во главниот магацин до 24 часот и други.


This image has an empty alt attribute; its file name is 2.jpg
На настанот беа доделени и благодарници на хуманитарните огрганизации и здруженија на кои што Еко Логистик Сервис како општествено одговорна компанија безусловно им дава поддршка. За забавата се погрижи македонската пејачка Бојана Скенедеровска, а водители на настанот беа Лила Филиповска и Мартин 99.
Во овие пет години од постоењето на компанијата, Еко Логистик прерасна во компанија со повеќе од 250 вработени, компанија со над 40 канцеларии или хабови низ цела Македонија и компанија со повеќе од 200 возила за достава. За сиот овој успех говорат и рекордите кои што ги постави компанијата последната година во доставата на пратки. Еко Логистик Сервис има најголем процент на успешно доставени пратки во Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Пренос на моштите на свети Никифор, патријарх Цариградски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 март. Свети Никифор, патријарх Цариградски Управуваше …