СИТЕ ЗА МКЦ утре со протестна акција пред Советот на град Скопје

На 26ти Јануари (утре) во 10:45, движењето #СитеЗаМКЦ ќе направи протестна акција пред Советот на Град Скопје во знак на револт за кратењето на буџетот и непрописното менување на в.д. директорот на оваа важна јавна институција.Целта на оваа акција е да се покаже културата и историјата на МКЦ. Односно дека МКЦ не е само уште една државна институција заборавена во времето, туку институција што го следи развојот на уметноста, активно делува и организира настани. Затоа ние сметаме дека МКЦ дефинитивно не заслужува буџетот да му биде скратен за 92% и да биде мета на политички игри. Бараме Град Скопје во најбрз можен рок да ја промени оваа одлука. Преку 50 години, МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, културни работници и активна публика. Нема да се откажеме од оваа историска институција и нема да престанеме да се бориме за нејзиното опстојување. 

ЗА НАС:
Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за зачувувањето и фер финансирањето на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Нашето движење се формираше непосредно по граѓанскиот собир #СитеЗаМКЦ кој се одржа на 22.01.2023 на платото пред МКЦ со цел да се изрази револтот кон актуелните случувања со намалувањето на буџетот и непрописното менување на в.д. директорот. Настанот беше организиран од Гола Планина Колектив, независна мрежа на новиот музички бран во Македонија. Иако оваа иницијатива започна со Гола Планина Колектив, #СитеЗаМКЦ претставува неформално движење на различни видови на уметници, но и засегнати граѓани кои целат да го заштитат еден од последните јавни културни простори во државата. Ние ниту сме партиски определени, ниту пак добиваме финансиска поддршка од некого. Целиме да ја шириме нашата мрежа и добредојдена е помош од секој кој се залага за зачувувањето на МКЦ, како и поддршката на независната културна сцена во Македонија. 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ГОРДОСТ – Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „ФОРБС“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија…

Не е првпат, но многу годи… Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина …