Репертоар на Театар за деца и младинци за четврток, петок и сабота

26.01 – „Роња, ќерката на ограбувачот“
Станува збор за текст што до сега не е поставуван во форма на театарска претстава за деца во нашата земја и посебно сме среќни што направивме за прв пат нешто сосема различно и оригинален театарски продукт наменет за деца над шест години, велат од Театарот за деца и младинци .

This image has an empty alt attribute; its file name is ronja-poster.jpg
Во претставата играат: Матеа Јанковска,Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.


27.01 – „Том Соер“
„Том Соер, Том Соер,Сите знаат херојот наш кој е….“
Кое дете не мечтае да биде херој како оние од книгите, филмовите, цртаните серии? Кое дете не сака макар на ден да порасне во очите на тие околу него и да го добие нивното признание?
Ова е претстава за „малиот голем човек“ Том Соер, херојот наизмисленотогратче Сејнт Питерсбург во Америка.Тој со помошта на својата остроумност и пргавост и се разбира, со помошта на своите пријатели Хаклбери Фин и Бен Роџерс, успева: да ја бојадиса оградата без да помрдне ниту прст, да ја заведе Ејми Лоренс, да ја освои убавата Беки Тачер, да го спаси од бесилка Маф Потер, да го надмудри Вајлд Џо и да го спаси богатството на вдовицата Даглас, кое ќе биде искористено за да се изгради дом за деца без родители.Со тоа, нашиот симпатичен херој ја добива наклоноста на Тетка Поли, Сид, Шерифот и неговиот помошник Џеремаја, Судијата Тачер, како и на целото гратче Сејнт Питерсбург.

This image has an empty alt attribute; its file name is tom-soer.jpg
Том Соер е идол на генерации на деца кој не потсетува дека во секој од нас лежи еден херој и дека се што треба за да го разбудиме е да веруваме во себеси. Се надевам дека претставата ќе ве натера да поверувате во тоа.
(Деан Дамјановски, режисер на претставата)
Драматизација: Горјан Милошевски
Режија: Деан Дамјановски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимографија: Елена Вангеловска
Музика: Горан Трифуновски – Пајак
Играат:
Бојан Кирковски – Том Соер
Мики Анчевски – Хаклбери Фин
Драган Довлев – Марк Твен/Судијата Тачер
Емра Куртишова – Беки Тачер
Мартин Јорданоски – Вајлд Вајлд Џо
Ненад Митевски – Маф Потер
Винета Дамческа – Тетка Поли
Симона Спировска – Сид/Обвинителот
Наташа Петровиќ – Еми Лоренс/Шерифот Јанг
Марија Ѓорѓијовска – Бен Роџерс/Џеремаја/Дух


28.01 – „Снежната кралица“
Снежната кралица, на Ханс К.Андерсен е класична бајка за прв пат објавена во 1844 и оттогаш не престанува да биде инспирација на различни автори кои што различно ја интерпретираат понесени од личниот порив, вдахнувајќи го во неа својот печат, согласно потребите на времето, настаните итн.. Неконвенционалната раскажувачка постапка на Ханс. К. Андерсен, која што е повеќе лирска одошто дидактичка ги претвора неговите сказни во поема на животот без граници. Оттаму и инспирацијата на авторката Билјана Крајчевска, за создавање еден современ препрочит, кој користејќи ги мотивите на сказната како предлошката, раскажува приказна за пријателството кое што не може да се растури, пријателство на кое што му стрепат сите опасности на современото општество почнувајќи од конзумеризмот што ги изместил сите вредности, кои допрва треба да се преоткријат. Режисерката Драгана Милошевски –Попова ја концепира фабулата низ чудесното патување на девојчето Герда. Таа е спремна да направи сѐ за да го пронајде својот пријател којшто е заробен во смрзнатото срце на Снежната кралица, покажувајќи ни ја моќта на вистинското пријателство. Ова е претстава за љубовта и растењето испишани од перото на едно дете. Во претставата се натпреваруваат две доминантни сили. Снежната кралица со своите невидливи сили, лукавоста и злото на која ја тера осаменоста, е претставник на ладниот разум и не може да сфати дека постојат наспроти неа такви кои што се спремни да се откажат од сопствениот интерес и да се жртвуваат заради љубовта и пријателството.
Играат: Ана Левајковиќ Бошков,Сара Климоска (к.г.),Бојан Кирковски,Мики Анчевски,Симона Спировска,Емра Куртишова,Мартин Јорданоски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ГОРДОСТ – Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „ФОРБС“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија…

Не е првпат, но многу годи… Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина …