ОБЈАВЕНО ЖИРИТО НА ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ НА НАЈДОБРИ НАСТАНИ

Фестивалот на најдобри настани БЕАМ го објави составот на жири комисијата како и сите критериуми за оценување и правила за работата на жирито.

This image has an empty alt attribute; its file name is povik-za-prijava-5-05-2.png
Најдобрите настани ќе се избираат во 15 категории, а ќе ги оценува жири комисија составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, и тоа: Ана Зафирова, фриленс новинарка и експертка по комуникации, Анета Андонова, одговорен уредник на Прв Програмски сервис, МРТ 1, Анета Антова Пешева, ко-сопственик и директор на Ултра/Унет доо Скопје, претседател на МАСИТ – Комора на ИК технологии, почесен конзул на Канада во Р.С.Македонија, Билјана Колемишевска, маркетинг, комуникации и ПР во М Кар Македонија, Борис Ефтимовски, oсновач на Маркетинг365, Ванчо Богев, дипломиран продуцент, МКЦ, Вардан Тозија, филмски и ТВ режисер, Виолета Симјановска, шеф на одделот за менаџмент во културата на Sibelius Академијата, UNIARTS, Финска, Дејан Пројковски, режисер, Душан Марковиќ, Корпоративен маркетинг и ПР Директор – Малиќи Груп, Емилија Зографска, експерт за корпоративни комуникации во А1 Македонија, Златко Панков, основач на Панекс, Ива Дујак, главен оперативен директор во Brand Union, Коста Петров, основач и извршен директор на Пи Ворлд, Љупчо Јолевски, новинар, Марта Наумовска Грнарова, генерален менаџер на Завар, Милчо Александоров, дизајнер на светло, Мите Димовски, артист, композитор, музички продуцент и Рисима Рисимкин, кореограф, уметнички директор на Танц Фест Скопје и Скопје танцов театар, декан на Филмска академија.


This image has an empty alt attribute; its file name is CELO-ZIRI.png
– Целта на БЕАМ е мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците во ивент индустријата. Овој фестивал е шанса за втор живот на нашите настани, да ја раскажеме приказната и да ги афирмираме сите кои биле дел од
некој настан. Наградата пак значи бесмртност за тој настан. Сметаме дека и клиентите и организаторите, како и креативната енергија и буџетите што ги вложиле заслужуваат ваква валоризација, истакнуваат организаторите на БЕАМ
Фестивалот е на иницијатива и во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП а настаните ќе се одбираат во 15 категории. За да учествува, секоја компанија треба да го пријави својот настан со пополнување на апликација која може да се најде на интернет страната на БЕАМ – www.beamfestival.mk. Пријавувањето трае до 20 февруари 2023 година, со можност за рана пријава до 3 февруари.
– Веќе имаме голем број на регистрации, што покажува колку ни бил потребен еден ваков фестивал. Се радуваме на големиот интерес, и навистина очекуваме да победат најдобрите. Поставивме систем на работа кој гарантира непристрасно и објективно оценување, целосно сме транспарентни во правилата и критериумите и заради тоа успешен настан и прекрасна Гала церемонија која ќе се одржи кон крајот на март, изјавија од БЕАМ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЧУДНА СОСТОЈБА – Петар Грашо на концерт гризнал обожавателка за нога, многумина шокирал со својот чин

Петар Грашо на еден од своите концерти гризнал за нога една обожавателка, што многумина шокирало. …