(ВИДЕО) Се појави грозоморно видео на кое мајката на Пике ја напаѓа Шакира: Ја фатила за лицето, Пике се’ гледал!

На социјалните мрежи се појави видео кое открива колку биле лоши односите меѓу Шакира и мајката на Пике, Монсерат Бернабеу. Откако беше откриено дека Шакира на својот балкон чува кукла вештерка која покажува кон куќата на поранешната свекрва, многумина ја нападнаа велејќи дека не треба да ја вмешува мајката на Пике во нејзината љубовна врска.

Расправија на улица
Меѓутоа, по видеото кое неодамна беше објавено на социјалните мрежи, многумина заклучуваат дека Монсерат била многу вклучена во нивната врска. На видеото е очигледно дека пејачката и мајката на фудбалерот се расправаат. Во еден момент мајката на Пике бесно ја зграпчува Шакира за лицето, а пејачката нагло и ја трга раката.


Според странските медиуми, свекрвата во тоа видео и рекла на Шакира: „Мораш да ја држиш устата затворена“. Додека се одвивала нивната распрацвија на улица, Пике само стоел и гледал. Видеото од инцидентот кое дури сега заврши на мрежите е снимено порано, но не се знае точниот датум. Многу луѓе на социјалните мрежи се бесни поради ова видео, а коментарите едноставно се нижат.
„Не можам да верувам дека Пике само стоел додека мајка му го фаќаше лицето на Шакира“, „Погледни го Пике. Тој не прави ништо. Не знае како да ја заштити Шакира од сопствената мајка. Тоа не е маж“, „Лошо ми е од ова. Гневот се гледа во очите на мајката на Пике“, се дел од коментарите.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Денис Кралевски од Македонија доби шанса за втор живот благодарение на лекарите од УМБАЛ „Св. Ана“ во Софија

Тимот на д-р Станислав Јорданов од болницата „Св Ана“ во Софија му даде шанса на …