Откако Кристијано Роналдо и неговото семејство се преселиле во Саудиска Арабија, каде што игра за фудбалскиот клуб Ал Наср, неговата партнерка Георгина Родригез се соочува со критики за нејзиниот кодекс на облекување. Многумина и пишуваат дека се облекува премногу провокативно и дека тоа не е во согласност со законите на таа земја.
Но Георгина сега лежерно се појавила на натпреварот на Роналдо. Таа носела фармерки, дрес и штикли. Нејзината Birkin чанта привлекла посебно внимание. Овој модел на чанта чини речиси 100.000 евра.
View this post on Instagram
Во коментарите под објавата на Инстаграм, некои ја критикувале дека се пофалила со скапата чанта. „Престанете да им ги покажувате на луѓето вашите чанти и накит. Одете научете англиски“, „Можете да ја купите вашата куќа од соништата за парите што чини една чанта“, „Тие чанти се прескапи, а вие имате најмалку десет од нив“, напишале во коментарите.
Инаку, Георгина неодамна гостувала на доделувањето на Joy Awards во Саудиска Арабија. Таму манекенката на сцената дала кратко интервју на англиски јазик, по што многумина ја исмеваа поради нејзиниот говор.
Фото: Принтскрин/Instagram