(ВИДЕО+ФОТО) АВСТРАЛИЈА ОПЕН – СПЕЦИЈАЛНИ МОМЕНТИ ВО РОД ЛЕЈВЕР АРЕНА: Новак го прекина интервјуто и и се обрати на мајка си Дијана 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако во Мелбурн го совлада шестиот светски играч Русинот Андреј Рубљев.

Новак интервјуто на теренот го искористи за честитки и поздрави. Прво му го честиташе роденденот на неговиот физио Миљан кој во моментот не беше во саклата, како и роденден на мајка си, со мало задоцнување од еден ден. Новак потоа и запеа „Среќен роденден“ после што сите во арената и пееа роденденска песна на неговата мајка Дијана.


Тој му честиташе и на тренерот Миљан за прекрасниот ден, па честитките завршија на камерата.

Ова за Ѓоковиќ беше 54. гренд слем четвртфинале, а со победата го обезбеди 44. полуфинале на најголемите турнири.
Српскиот тенисер за ривал во полуфиналето го има Американецот Томи Пол, 35-тиот светски играч.
Во првото полуфинале ќе играат четвртиот тенисер во светот Стефанос Циципас и 18.пласираниот Русин Карен Хачанов. Полуфиналните натпревари се закажани за петок.

Фото: Принтскрин/Instagram (монтажа)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Легендарниот тренер Чиро Блажевиќ за болеста: „Имам големи болки, ракот ми се прошири на сите коски и црниот дроб“

Откако неодамна беше снимен како шета низ Загреб придружуван од неговиот син Мирослав, Мирослав Чиро …