„Стариот трик со ‘дај ти го тријам грбот’, а потоа следи чипс’“, напишал Алек Болдвин (64) покрај фотографијата на сопругата Хиларија (39) и нивниот русокос син.
View this post on Instagram
Многумина останале шокирани од неговиот опис бидејќи, како што велат, алудирал на секс. Хиларија седела на подот покриена со црвено ќебе, а нејзиниот син ја гушкал и вешто му позирал на тато пред камера. Сцената ги освоила следбениците, но тие биле шокирани од описот на Болдвин.
Многумина описот на популарниот актер го нарекле одвратен, а имало и обвинувања за сексуализација.
„Сексуализацијата на децата е секогаш чудна, но вашето дете?“, „Описот на оваа објава е одвратен“, „Замислете дека сте обвинети за убиство од небрежност, а првата објава што ќе ја објавите по објавувањето вклучува слика од вашата сопруга која бара внимание како позира со вашиот млад син и описот содржи сексуално сугестивни алузии“, напишале шокираните следбеници во коментарите.
Наскоро проговорил и Алек.
– Го поправив текстот. Претпоставувам дека тоа е затоа што… знаете… има толку многу ѓубре на Редит“, одговори тој на прозивките.
Инаку, минатата недела Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност затоа што пукал со пиштол на филмскиот сет, каде што беше убиена снимателката Халина Хачинс. Освен него, за истото ќе биде осуден и Ханиа Гутиерез-Рид, која беше задолжена за оружје.
Фото: Архива