Победникот на Мундијалот со репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез (30) покажал куче вредно 23.000 евра, кое го набавил за дополнително да го заштити својот дом.
Мартинез е загрижен дека неговиот златен медал, но пред се неговото семејство, треба да бидат дополнително заштитени, па затоа купил страшно куче за неговата куќа во Мидлендс.
Одличниот аргентински голман, кој ја освои наградата „Златна ракавица“, издвоил 23.000 евра за специјално трениран белгиски Малинос. Кучето може да тежи и до 30 килограми, а главните специјални единици на американската морнарица го користеле во борба.
Голманот на „Астон Вила“ на Инстаграм објави видео од кучето во акција со инсцениран натрапник кој ја почувствува целата сила на неговите остри заби додека се обидува да ја „нападне“ неговата сопруга Мандиња надвор од нивниот дом.
Мартинез го купил своето куче од Elite Protection Dogs, кои се специјализирани за односи со клиенти со познати личности.
Нивното 35-годишно искуство доведлодо тоа голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, поранешната ѕвезда на Челзи и Арсенал, Ешли Кол, па дури и боксерскиот крал во тешка категорија, Тајсон Фјури, да купат кучиња од нив.
Фото: Монтажа/Instagram