Пресечете еднаш засекогаш: Изборете се со емоционалното прејадување веднаш и сега

Луѓето со компулсивно прејадување ја користат храната како единствен начин да се справат со негативните емоции. Не бидете еден од нив.
Понекогаш најсилните желби за храна се јавуваат кога емоционално сте на најниската точка. Кон храната се обраќате за утеха, свесно или несвесно, кога сте соочени со тежок проблем, кога се чувствувате под стрес или ви е досадно.
Емоционалното прејадување може да саботира и да спречи многу работи во вашиот живот, а не само желбата да изгубите неколку килограми. Овој проблем често води до тоа да јадете премногу висококалорична, слатка и масна храна. Добрата вест е дека ако сте склони кон емоционално прејадување, можете да преземете чекори за да ја вратите контролата врз вашиот живот и навиките за исхрана. Време е да почнете да се храните здраво и паметно.
Како функционира циклусот расположение-храна-губење тежина?
Емоционалното прејадување е начин да се потиснат или смират негативните емоции, како што се стресот, лутината, стравот, досадата, тагата и осаменоста. Големите животни настани или, почесто, секојдневните проблеми може да предизвикаат негативни емоции што доведуваат до емоционално прејадување и го нарушуваат вашиот секојдневен живот. Што може да биде поттик за емоционално прејадување?
– Конфликти во односите
– Работа или други стресни фактори
– Замор
– Финансиски притисоци
– Здравствени проблеми

Иако има и такви кои јадат помалку поради сето горе наведеното, има повеќе кои стресот и негативните емоции ги третираат со храна. Поконкретно, големи количини на храна.
Всушност, вашите емоции можат да станат толку поврзани со вашите навики во исхраната што автоматски посегнувате по задоволство секогаш кога сте лути или под стрес без да размислувате што правите.


Храната исто така служи како одвлекување на вниманието. На пример, ако сте загрижени за претстојниот настан, може да се фокусирате на прејадување наместо да се справувате со болната ситуација.
Без оглед на емоциите што ве поттикнуваат на прејадување, крајниот резултат е често ист. Ефектот е привремен, емоциите се враќаат и веројатно тогаш ќе го носите дополнителното бреме на вината, бидејќи и сте се здебелиле, што во суштина е најмалиот проблем. Проблемот е што вашите емоции ве поттикнуваат да се прејадете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …