Принцот Хари во своите мемоари пишувал и за Кејт Мидлтон: Ја открил врската со принцезата

Мемоарите на принцот Хари наскоро ќе ја видат светлината на денот…
Принцот Хари и Меган Маркл објавија документарен филм кој имаше големо влијание ширум светот. Многумина се интересираа што се крие зад едно од најпознатите кралски семејства во светот. По серијата, светот наскоро ќе ги дочека мемоарите на принцот Хари. Книгата се вика „The Spare“  (Резерва), што веќе предизвикува многу контроверзии, иако сè уште не е ни објавена.
Во мемоарите Хари открил голем број работи кои светот не ги знаел, а прашање е како неговото семејство ќе реагира на тоа.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Prince Harry (Info) (@harry.dukeofsussex)


Меѓу другото, принцот напишал и за Кејт Мидлтон. Тој ја опишал својата врска со неговата снаа, принцезата од Велс. Изгледало дека секогаш добро се согласуваат, а тоа го потврдил и Хари.
Тој се присети на кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт, велејќи дека многу ја сака Кејт и како чувствува дека таа е сестрата што никогаш ја немал и отсекогаш ја посакувал, објави британски Hello.


Тој додал дека му е мило што таа засекогаш ќе биде со Вилијам и што одлично се сложува со неговиот постар брат.

Со текот на годините, Хари и Кејт беа фотографирани како се смеат заедно и се шегуваат за време на заедничките ангажмани.

Мемоарите на Хари ќе бидат официјално објавени на 10 јануари, но одредени делови протекоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …