ПОСЕБНО СЕ КОРИСНИ – Конзумирајте ги овие пијалоци почесто доколку сакате да се ослободите од салото од стомакот

Доколку сте во процес на слабеење и сакате што побрзо да се ослободите од салото од стомакот, одредени пијалоци навистина можат да ви помогнат.
Желбата за слатки може да не натера да купуваме нездрави грицки, ултра-обработена храна или газирани пијалоци. Смути е еден од пијалоците кои ќе бидат здрави за вашето тело. Направете го со омиленото овошје и млеко од јаткасти плодови. На овој начин ќе го контролирате внесот на состојки, ќе ја намалите потрошувачката на додаден шеќер, а сепак ќе ја задоволите желбата за слатки.

This image has an empty alt attribute; its file name is zelen-caj-1.jpg


Почнете да пиете зелен чај кој ќе биде корисен во процесот на слабеење. Содржи кофеин и катехини, кои се биоактивни растителни соединенија.

„Тие учествуваат во подобрувањето на согорувањето на мастите. Се разбира, тоа не може магично да го реши вашиот проблем, но ако го комбинирате со редовно вежбање, ќе забележите позитивна промена”, изјавила нутриционистката Рејчел Дајкман за Eat This, Not That.


Истражувањето објавено во Journal of Functional Foods покажало дека луѓето кои пиеле зелен чај изгубиле значително количество висцерална маснотија во период од 12. недели во споредба со контролната група која не пиела чај.

This image has an empty alt attribute; its file name is protiv-salo-na-stomak.jpg


Ако не ви се допаѓа вкусот на зелениот чај, постои уште една здрава опција – црниот чај. Богат е со природни флавоноиди, кои се добри за срцето и го намалуваат крвниот притисок. Тие исто така ги намалуваат мастите во стомакот. Студијата на Food & Function од 2014 година го спореди пиењето црн чај со пијалоци кои содржат кофеин. Резултатите покажале дека луѓето кои три месеци пиеле три шолји црн чај секој ден изгубиле повеќе сантиметри од половината од оние кои пиеле кофеински пијалок.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …