Се чини дека во денешниот свет е навистина тешко со некого да се создаде и одржува здрава врска…
Има толку многу работи кои ги поткопуваат љубовните врски што дури и оние кои се сакаат најискрено можат лесно да потклекнат. Здравата врска подразбира доверба, отворена комуникација и искреност меѓу партнерите. Во љубовната врска има некои работи кои се од суштинско значење за таа да биде исполнета и среќна.
Сепак, има и некои мали, но истакнати работи, кои доколку се игнорираат можат да станат оние кои ја расипуваат врската. Знаејќи кои се овие работи кои не треба да се занемарат доколку сакате да имате здрав однос со саканата личност ви дава предност и овозможува секојдневен напредок.
Престанавте да разговарате еден со друг
Размислете за тоа: кога последен пат сте оставиле сè што правите и телефонот што постојано е во ваши раце и навистина разговаравте со вашата сакана личност? Кога последен пат сте допреле со него интересна тема, која нема никаква врска со секојдневните обврски? Дали ви се случува да легнете одделно и без тие кратки муабети на перница? Ако е така, тоа е знак дека сте престанале да разговарате еден со друг, што многу лесно може да значи крај на вашата врска.
Одложувате да зборувате за проблемите
Првата работа за која ќе зажалите кога ќе се распадне вашата врска е тоа што сте ги одложувале важните работи во вашата врска. Можеби сте ги ставале под тепих и сте се правеле дека не ги гледате, убедувајќи се дека не се толку важни или дека има време за нив. Меѓутоа, проблемот со проблемите е што тие не се склони да исчезнуваат, тие имаат тенденција да се акумулираат и растат. Работите што не функционираат се оние со кои треба веднаш да се реши.
Не се консултирате со момчето, туку одлучувате сами
Дали сте фатени себеси како донесувате одлуки за многу работи во вашата врска во последно време? Можеби во еден момент сте застанале и сте го гризнале јазикот, но тогаш сте решиле дека знаете што е најдобро за вас двајцата и продолживте во таа насока. Можеби сте го убедиле дечко ви подоцна, поради грижа на совест, дека навистина сте го имале на ум взаемениот интерес, но самиот факт што делувате без него е погрешен, без оглед на вашата намера. Во секоја врска би требало да има две страни, кои подеднакво се прашуваат за се.
Не сте приоритет еден на друг
Животот често може да биде напорен и да нè доведе до пониски важни луѓе и работи на скалата на важност. Сепак, навистина не треба да им давате приоритет на вашите работни обврски или гледањето на објавите на социјалните мрежи на другите луѓе пред вашата сакана личност. Размислете за тоа: дали сакате тој да ве третира како да сте најважната личност во неговиот живот? Ако одговорот е ДА, појдете од себе и вратете го него на врвот на вашата листа на приоритети.
Не покажувате наклонетост еден на друг
Кога првпат ја започнавте вашата врска, таа несомнено била исполнета со бакнежи и прегратки. Луѓето околу вас морале да ве потсетуваат дека сте на јавно место, нели? Се држевте за раце додека шетавте низ градот, а тој ги обвиваше рацете околу вашата половина секогаш кога беше близу вас. Каде отидоа тие денови? Зошто тие мали моменти на наклонетост исчезнаа од вашата врска? Никогаш не треба да дозволите вашата интимност да се сведе само на секс. Како таква ќе доведе до крај на вашата врска.
Фото: Архива