Тие се најпрекрасните хороскопски знаци, со нив сте сакани, галени и пазени

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Некои луѓе се мајстори за романса и исклучително вешти да го придобијат оној што го посакуваат.
Освен што ги заведуваат со романтични гестови, тие се идеален начин да ја задржат искрата во долгите врски. Ова се знаци кои се непоправливи романтичари и со кои секогаш ќе се чувствувате сакано, згалено и пазено.

Рак
Овој знак е познат како крал на романтиката. Ако Ракот ви се додворува, ќе ве освојат со романтични гестови и внимателно испланирани состаноци. Овие луѓе се прилагодуваат на вашите желби бидејќи се интуитивни и знаат што може да ве направи среќни. Дури и кога се во долги врски, Раковите се трудат да ја одржат романтиката во живот, па постојано им приредуваат слатки изненадувања на своите сакани.


Терезија
Терезиите подеднакво уживаат да заведуваат и некој нив да ги заведе. Ним им е важно само тоа што постојано се опкружени со романса. Терезиите се толку шармантни и привлечни што лесно можат да ве освојат со своите зборови и изглед. Иако не се толку нежни како Раковите, ќе почувствувате пеперутки во стомакот додека ви се додворуваат.

Риби
Луѓето родени во овој знак се вешти во освојување. Бидејќи се многу интуитивни и внимателни, тие ќе се трудат да дознаат информации за личноста што им се допаѓа, вклучувајќи ги и нивните надежи и соништа. После тоа, ќе смисли низа посебни изненадувања кои можат да го стопат и најстуденото срце.


Лав
Иако овој знак е познат по тоа што сака да биде во центарот на вниманието, Лавовите се исклучително галантни и сакаат да го опсипуваат партнерот со внимание. Цвеќињата, подароците и комплиментите се нивното главно оружје кога заведуваат, а по големи романтични гестови посегнуваат кога ќе згрешат и сакаат да и се извинат на саканата личност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ВО ПЕТОК КАЈ„АВИОНЧЕ“

Со цел популаризација на маалските игри, поголема социјализација на децата и едукација за важноста од …