Познатата американска водителка Опра Винфри (68) во текот на својата долга кариера беше под будното око на јавноста и често истакнуваше дека секогаш имала проблеми со вишокот килограми.
Иако пробала разни диети и успеала да ослабе, килограмите често се враќале. Неколку години решила да стави крај на „јо-јо ситуациите со килограми“ и решила да биде емотивно, физички, психички здрава.
Таа целосно го променила начинот на исхрана, а еве како изгледа нејзиното мени.
Појадок – Сендвич со јајце, авокадо, шунка и домат на леб од цели зрна и чај.
Ручек – супа од домати и салата од кељ или тестенини со ракчиња. Секогаш јаде зеленчук со супа, а често избира кељ. Сварените тестенини ги подготвува со малку маслиново масло, сол, бибер, 1 чен лук и 3 лажици рендано сирење. На крајот во тестенините се додаваат ракчиња на скара, а по желба јадењето може да се прелие со домати и рукола.
Вечера – риба, често бакалар, но може да биде и друга, со додаток на зеленчук. Како што наведува водителката, често пие вино или некој коктел.
View this post on Instagram
Водителката на својот Инстаграм профил споделила видео на кое таа и нејзината пријателка Гејл Кинг се на планинарење, но фановите забележале дека таа дополнително ослабела и дека е во добра форма, иако неодамна имала интервенција на коленото.
View this post on Instagram
Фото: Архива
