Комбинацијата од 2 намирници придонесува за слабеење и делува смирувачки: Пред спиење испијте ја оваа НАПИВКА и истопете го салото

Напиток со мед и цимет
Многу луѓе имаат свои ритуали пред спиење од кои не се откажуваат, додека пиењето вкусни чаеви е еден од нив. Сепак, нутриционистите нудат различни трикови кои помагаат во слабеењето, а во нив спаѓаат и разни пијалоци.
Еден пијалок има посебно место, а тоа е мешавина од мед, цимет и вода што се пие пред спиење за да се забрза метаболизмот. Покрај слабеењето, циметот и медот содржат безброј хранливи материи и го зајакнуваат имунитетот, го штитат здравјето на срцето, успешно се борат против инфекциите и се одлични антиоксиданси.
Медот е исто така познат по тоа што има смирувачки ефект, што го прави одличен избор пред спиење
Напитокот се подготвува така што со 250 мл зовриена вода се прелива лажица цимет и две лажици мед. Половина од пијалокот треба да пиете половина час пред спиење, а половина наутро кога ќе се разбудите. Истражувањата покажале дека континуираната употреба на цимет помага да се намали воспалението, да се регулира стресот, да се намали нивото на шеќер во крвта и да се поттикне губење на маснотии.
Овој напиток е здрав и одличен помошник во борбата против вишокот килограми, но не заборавајте дека намалувањето на исхраната и вежбањето е неопходно за резултатите да бидат видливи што побрзо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО/Рецепт) ЛЕБ ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Само 1 кришка ќе ве држи сити цел ден – Најздравото нешто што ќе го изедете во текот на денот

Доколку сте на диета и не можете да замислите ручек или појадок без леб, ви …