Што е ВОДЕНА ДИЕТА? За една недела можете да изгубите и до ПЕТ КИЛОГРАМИ

Диетата со вода не подразбира строго мени, туку се заснова на одредени правила
Пред се, прво и најважно правило е да се испие чаша вода веднаш по будењето, додека појадокот треба да биде 45 минути после тоа.
Се препорачува половина час пред секој оброк да се испие чаша вода, што го поттикнува целиот организам да работи подобро, а освен тоа, чаша вода пред оброк ќе го намали и апетитот. За време на оброкот и следниот час по оброкот не се препорачува пиење вода, а се препорачува водата да биде на собна температура, а не ладна.
Доколку пиете кафе, се препорачува да не пиете повеќе од една шолја дневно за време на оваа диета, а со таа шолја да пиете две чаши вода за да ја надоместите количината на вода што ќе ја исфрлите со пиењето кафе, бидејќи кафето делува како диуретик.

This image has an empty alt attribute; its file name is japonki-i-voda.jpg
Менито за време на диетата со вода треба да се базира на млеко и млечни производи со малку маснотии. Исто така, приоритет во исхраната треба да се даде на рибата, морските плодови, посното младо месо, зеленчукот, овошјето, како и помала количина житарки. Исфрлете ги од менито слатките, грицките и индустриски подготвената храна.


Диетата со вода исто така се залага за намален внес на сол, односно треба да го намалите дневниот внес на сол на половина.
Пример на мени:

Појадок: Овесна каша (2 лажици овес) + лажичка суво грозје + половина банана.
Ужина: 2 големи сочни јаболка или круши или 250-300 гр некое сезонско овошје.
Ручек: 250-350 гр густа супа направена од мешан сезонски зеленчук, малку зачинета со сол и билки.
Ужина: Парче сочно овошје или парче тост.
Вечера: Парче месо на скара или филе од риба со голема салата од свеж мешан зеленчук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …