*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Многумина ќе се согласат дека љубомората е еден од најголемите проблеми во љубовните врски, а некои хороскопски знаци се особено склони кон неа.
На прво место е Бикот. Овој хороскопски знак е материјалистички и сака да води луксузен живот, кој ќе го дели со саканата личност. Меѓутоа, тука се јавува проблемот. Почнуваат да мислат дека партнерот им припаѓа, дека мора постојано да внимаваат на нив и очајно сакаат да го знаат секој нивен потег.
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието на своите партнери. Ако чувствуваат дека не добиваат доволно внимание што го заслужуваат, стануваат љубоморни, несигурни и лути. Тоа најмногу е поврзано со нивното его, а не со стравот да не го загубат партнерот. Ако не го добијат тоа што го сакаат, се повлекуваат и бараат време да си ги залечат раните.
Девицата генерално има проблем со љубомората, па така е и во љубовните врски. Тоа е затоа што таа е многу строга кон себе. Оваа нејзина „проблематична“ природа доведува до појава на љубомора, дури и во случаи кога нема причина за тоа. Девицата постојано се бори да не биде претерано песимистична, а оваа борба лошо се одразува на нејзиниот однос со партнерот.
Скорпијата тешко стекнува доверба во партнерот. Тој е во страв од моќта на неговите емоции и интуиција. Секогаш е внимателна и знае да биде толку љубоморна што насекаде го следи партнерот.