(ВИДЕО+ФОТО) ЈА ЗАСТРЕЛАЛ 5 ПАТИ, А СЕГА САКА ДА СЕ ОМАЖИ ЗА НЕГО: „Јас го предизвикав тоа, секогаш беше добар и внимателен кон мене“

Девојка од Бразил му простила на поранешното момче кое ја застрелало 5 пати, а потоа решила да се омажи за него.
Велат дека на светот постојат 7 типа на љубов и дека вистинската љубов навистина не познава граници. Сепак, понекогаш љубовта навистина може да биде слепа, за што сведочи оваа приказна што се случила не така одамна, во 2019 година.
Страшната приказна се случи пред речиси три години во Бразил. Мишел Шолсер имала 25 години кога нејзиното момче за време на расправија ја застрелало пет пати, а потоа следел настан кој сите ги оставил во шок, пишува шпанскиот Clarin.
Оштетената побарала од судот ослободителна пресуда за нејзиното момче: „Тој веќе плати за својата грешка и сигурна сум дека нема да го повтори тоа. Тој секогаш беше внимателен кон мене“.
По нејзината изјава, жената побарала дозвола од судијата да го прегрне и бакне Лисандер Рафаел Позелт, кој тогаш имал 28 години. Жртвата пред судот изјавила: „Јас го предизвикав тоа. Никогаш не ме нападнла, секогаш беше многу добар со мене“, рекла таа.


Рафаел е осуден на 7 години домашен притвор, пет за обид за убиство и две за недозволено поседување оружје. Тој е во притвор од август 2019 година и сето тоа време го поминал во истражен затвор.
Кога судот во 2020 година рекол дека човекот нема да оди во затвор, Мишел аплаудирала во судницата.
„Никогаш не е видено вакво нешто“, изјавил тогаш обвинителот Педро Руи. „Жената имаше неверојатна среќа што беше жива. Куршумите и денес се заглавени во нејзиното тело“.
Истрели ја погодиле во главата, левата рака и грбот. „Ден пред тоа и се закануваше дека ќе ја убие“, додал обвинителот.

Таа сака да се омажи за човекот кој ја застрелал
Според исказот на судијата, жената за време на судењето рекла дека сака да се омажи и да го помине остатокот од животот со човекот кој се обидел да ја убие. „Во врска сме и одлично се согласуваме. А тоа што се случи не направи посилни. Немаше намера да ме убие. Секако дека се зае***аше, но сигурна сум дека нема да го повтори тоа. Секогаш се однесуваше добро со мене. Кој маж има соба полна со слики од неговата девојка? Никој, а тој има“, изјавила тогаш Мишел.


По судењето, во февруари 2020 година, мажот се вратил во затвор за да ја отслужи казната во полуотворен режим.
Обидот за убиство се случил во август 2019 година, кога Мишел и Рафел се расправале на сред улица, во присуство на пријатели. По расправијата на која и претходела тепачка, тој го напуштил местото на настанот, но се вратил вооружен управувајќи мотоцикл.
Кога сфатиле дека мажот се приближува, пријателите ја втурнале младата жена во автомобилот. Сепак, тој испукал седум куршуми преку задното стакло, погодувајќи ја жртвата пет пати. Таа била примена во болница како итен случај, но за среќа успеала да се опорави од повредите.
Следниот ден мажот се појавил во полициска станица во придружба на адвокат и го предал изнајменото оружје. Кога излегла од болницата, првата работа што направила била да поднесе барање да го посети во затвор, но била одбиена со образложение дека тоа би ја загрозило нејзината безбедност и ќе го загрози процесот на судење.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Привлечноста помеѓу овие знаци е нереална: Тие остануваат заедно додека смртта не ги раздели

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …