ОТКАКО цел живот се борела со вишокот килограми, докторката Еми Хосода успеала да ослабе со промена на одредени животни навики. Таа осмислила свој персонализиран здравствен план, а при планирањето на исхраната земала во предвид сè, од генетиката до микробиомот на цревата и на крајот изгубила неверојатни 45 килограми, за кои вели дека никогаш не ги вратила.
За да им помогне на другите кои се борат со тврдоглавите килограми, таа споделила совети за слабеење во неодамнешното видео на TikTok.
@doctor.emi 5 things I would ALWAYS do as a doctor who lost 100lbs and kept it off. #doctoremi #learnontiktok #weightlosstransformation #weightloss ♬ Stuck In The Middle – Tai Verdes
Следете го внесот на шеќер, а не калориите
Хосода рекла дека кога се обидувала да ослабе, првенствено гледала на количината на шеќер во храната, што обично резултира со зголемување на телесната тежина. Имено, конзумирањето на големи количини шеќер не само што предизвикува телото да почне да го складира како маснотии, туку и го зголемува ризикот од дијабетес. Околу секој трет возрасен Американец има хронично високо ниво на шеќер во крвта, што ги става на ризик од развој на дијабетес тип 2, објаснува докторката.
Количината на калории што и е потребна на една личност може многу да варира во зависност од нивото на активност и метаболизмот, па Хосода рекла дека не поставува цели или ограничувања за калориите за да изгуби тежина. Исто така, важно е да се запамети дека не сите калории се еднакви, а калориската содржина на храната не секогаш ја одразува нејзината хранлива вредност.
Земајте суплементи
Докторката препорачува да се земаат додатоци за генетиката и хормоните. Многу луѓе кои сакаат да ослабнат земаат суплементи. Но, единствените додатоци кои треба да се земаат се за оние над 35 години кои земаат инсулин и имаат отпорност на лептин.
Пијте доволно вода
Додека се обидувала да ослабе, Хосода рекла дека научила дека повеќето луѓе жедта ја помешуваат со глад. Таа препорачала луѓето да пијат доволно вода, но количината првенствено зависи од нивото на нивната лична активност, како и од нивната тежина. Единствен исклучок од ова правило се луѓето со срцева слабост, бубрежна болест или низок натриум, кои, објаснува Хосода, задолжително треба да ги прашаат своите лекари колку вода треба да пијат.
Погрижете се да спиете доволно
Многу луѓе се борат со спиењето како што стареат, особено за време на менопаузата или годините пред менопаузата, а ограничениот или слаб сон е поврзан со зголемување на телесната тежина. Хосода рекла дека земала додатоци на магнезиум за да и помогне да спие и да се спротивстави на желбата за шеќер, но само неколку студии ја истражувале оваа врска. Генерално, земањето додатоци во исхраната не е безбеден начин за спиење или за постигнување на целите за слабеење, пишува Insider.
Еден преглед објавен во 2021 година покажал дека некои возрасни во нивните 50-ти доживеале мало подобрување во сонот со редовни додатоци на магнезиум, но авторите заклучиле дека нема доволно докази за да се препорача магнезиум како средство за спиење.
Не ги занемарувајте тренинзите за сила
Конечно, Хосода рекла дека се погрижила одвреме-навреме да го вклучи тренингот за сила во нејзините тренинзи. Таа објаснува дека многу луѓе се потпираат на аеробни или кардио вежби за да ја намалат својата тежина, но најмногу и помогнале вежбите за сила. Градењето сила е особено важно за возрасните постари од 50 години кои веќе имаат благи проблеми со подвижноста или губење на мускулите, според Националниот институт за здравје.