(ФОТО) Свечено отворен Јуниорскиот Евросонг 2022- Лара, Јован и Ирина ја имаа и првата проба

Нашите претставници Лара, Јован и Ирина и танчарките Александра и Мила, а во придружба на одговорниот уредник на МРТ5, Дијана Гогова продефилираа на црвениот тепих и беа поздравени со голем аплауз од многубројната публика…


Во Ереван се одржа свеченото отворање на Јуниорскиот Евросонг 2022 и е утврден редоследот за настап. Јубилејното 20-то издание ќе го отвори претставничката на Холандија, а ќе го затворат Ерменија и Украина. Нашите претставници ќе настапат десетти.
Нашите претставници Лара, Јован и Ирина и танчарките Александра и Мила, а во придружба на одговорниот уредник на МРТ5, Дијана Гогова продефилираа на црвениот тепих и беа поздравени со голем аплауз од многубројната публика.


Шефот на делегацијата, Раде Спасовски изјави дека тимот е подготвен за првата проба и за целиот предизвик кој со себе го носи еден ваков голем настан.
Лара, Јован и Ирина со нетрпение чекаат да застанат на големата евровизиска сцена и да ја претстават Македонија во најдобро светло.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕСТ ЗА ЛИЧНОСТ на Фројд: Одговорете на осум кратки прашања и дојдете до најдлабоката точка на вашата потсвест

Одговорите нека бидат она на што прво ќе помислите Зигмунд Фројд се смета за татко …