Чај кој ги чисти црниот дроб и бубрезите, помага при несоница, настинки и висок крвен притисок

Копривата на сите ни е позната – кога ќе ја допреме нè пече и долго после тоа имаме осип и чувствуваме чувство на печење. Но, иако е „опасна“, копривата е лековита бидејќи сите нејзини делови се корисни и хранливи, пред се коренот, но и другите делови од растението. Многу се користат и листовите, но најмногу свежи, како спанаќот.
Традиционално, копривата се користи за болести на уринарниот тракт, прочистување на крвта, анемија, дигестивни проблеми, отежнато дишење и астма, ревматски заболувања, намалување на крвниот притисок, камења во бубрезите, несоница, гинеколошки заболувања, здравје на црниот дроб и панкреасот. Помага во намалување на гликозата во крвта, диуретик е, а може да помогне и при поленска треска.
Богата е со витамини А, Ц, К, како и витамини од Б комплексот, од минералите тука се калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и натриум, ги содржи сите есенцијални амино киселини, корисни масни киселини, полифеноли (кверцетин, кофеинска киселина, кумарин…), пигменти (бета-каротен, лутеин и други). Многу од овие состојки делуваат како антиоксиданти во нашето тело.

This image has an empty alt attribute; its file name is kopriva-4.jpg


Добра е за притисок
Копривата е народен лек за намалување на високиот крвен притисок, а студиите на животни го потврдуваат овој ефект. Кој е повеќестран: копривата го стимулира производството на азотен оксид, а ова соединение ги опушта мускулите на крвните садови кои се шират. Покрај тоа, некои состојки ги блокираат каналите на калциум, што го опушта срцето и ја намалува силата на контракции. Во исто време, копривата ја зголемува антиоксидантната заштита на организмот.

This image has an empty alt attribute; its file name is kopriva-2.jpg


Чај од коприва
Три лажици коприва прелијте ги со литар топла вода, покријте и оставете 5 минути; процедете а во текот на денот можете да пиете 2 литри чај. Ако не ви се допаѓа, слободно додадете малку шеќер. Она за што е важно да се грижиме е кога го загреваме да внимаваме да не се прегрее, бидејќи тогаш ги губи лековитите својства.

ВАЖНО
Скоро и да нема несакани ефекти од копривата, но во ретки случаи контактот со неа може да предизвика опасна алергиска реакција. Бремените жени не треба да ја земаат бидејќи копривата може да предизвика грчеви на матката, што го зголемува ризикот од спонтан абортус. Консултирајте се со вашиот лекар ако сакате да земате коприва додека земате лекови за згрутчување на крвта, антидијабетици, антихипертензивни или диуретици. Копривата може, на пример, да го засили ефектот на диуретиците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – 300 ПРЕЉУБНИЦИ ГИ ОТКРИЛЕ ПОМОЛНИТЕ ТРИКОВИ СИ КОИ ЈА КАМУФЛИРААТ ИЗМАМАТА: ОВИЕ ДВЕ СТРАТЕГИИ НАЈЧЕСТО ГИ КОРИСТАТ! Една е ТЕШКО да се забележи!

Можеби не сте свесни за тоа, но аферите и изневерувањето во врските и браковите се …