Алина Кабаева, поранешна гимнастичарка и олимписка шампионка, денес на поголемиот дел од светот е позната како љубовница на Владимир Путин, претседателот на Русија. Дали е тоа навистина точно или не, веројатно никогаш нема да дознаеме, но факт е дека бројни информации и сознанија сведочат во прилог на нивната долгогодишна романса.
Кабаева се појавува релативно ретко во јавноста, па оваа година била видена само десетина пати на некои јавни, официјални настани, но во саботата отишла во Сочи да отвори нов гимнастички центар.
Оваа 39-годишна жена не сакала да разговара за војната во Украина, ниту одговарала на прашања за Путин, туку им се обратила само на своите колешки гимнастичарки.
“Кога се занимавав со гимнастика и спорт, не можев ниту да сонувам за условите што постојат во овој центар денес. Но животот ни покажува дека невозможното е возможно. А Русија е земја со големи можности”, рекла таа.
View this post on Instagram
Изгледот на Алина бил интересен и за медиумите – со месеци се шпекулира дека и таа и Путин направиле одредени пластични операции за подмладување и затегнување на лицето. Русинката навистина изгледа видно поинаку во однос на претходните години – јаболчниците и се пополни, усните поголеми, а на лицето нема ниту една брчка, иако е на возраст кога тоа е невозможно.
Инаку, московските државни медиуми не смеат да пишуваат за 15-годишната љубовна врска меѓу Алина и Путин, како и за двете деца кои наводно ги има парот. Да потсетиме, во септември годинава странските медиуми објавија дека гимнастичарката наводно абортирала кога веќе била бремена повеќе од 20 недели и тоа на инсистирање на Путин, пишува „Daily Mail“.
View this post on Instagram
„Како резултат на тоа, односите меѓу Путин и Кабаева се влошиле. Исто така, по абортусот имала компликации и Кабаева не можела да се појави во јавноста некое време“, пишува на каналот на General SVR на Телеграм. Тие тврдат дека имаат веродостојни информации од Кремљ, но не дале никакви цврсти докази за тоа.
View this post on Instagram
Фото: Архива