(ФОТО) КОГА ПАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ТИ КУПАТ СРЕЌА: Атина Оназис – сопругот немилосрдно ја изневерувал, никогаш не ја преболела смртта на саканата личност, многу трагедии и го одбележале животот

Проклетството на семејството Оназис не ка одбегнало
Животот на Атина Оназис, и покрај нејзиното потекло и неверојатното богатство што го наследи, беше се освен бајка.

This image has an empty alt attribute; its file name is atina-onazis-nas.jpg
37-годишната Атина, именувана по нејзината баба, првата сопруга на Аристотел Оназис, најмоќниот и најбогатиот грчки
сопственик на бродови.
Нејзината баба починала на 45. години, а на 24. години во страшна авионска несреќа загинал и нејзиниот вујко Александар, по што нејзиниот дедо Оназис се разболел од автоимуна болест miastenije gravis.


This image has an empty alt attribute; its file name is atina-onazis-1.jpg

Покрај сето тоа, кога имала само три години, од срцев удар, како последица на акутен белодробен едем со кој се борела, починала нејзината мајка Кристина, а и самата Атина станала, може да се каже, жртва на нејзиниот татко Тери Расел, кој многу се трудел да го добие старателството над неа, за да може да го искористи нејзиното наследство.
Познато е дека Кристина и Расел се разделиле набргу по раѓањето на Атина, откако единицата на Оназис открила дека нејзиниот сопруг ја изневерува и дека неговата љубовница родила две деца, а токму со неа тој на крајот и ја одгледувал Атина.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by Athina Onassis Horse Show (@longines_aohs)


Со текот на годините, трагедиите и несреќите во животот на Атина само постојано доаѓале. Утехата од сè низ што поминувала наоѓала во коњи и јавање, па на 17. години се запишала во училиште за јавање во Белгија, каде го запознала својот иден сопруг. Со оглед на тоа дека е страсна за јавање, и дека професионално се занимава со овој спорт, веста дека го загубила коњот при скоковите многу ја потресла. Во една прилика додека јавала паднала и ја скршила карлицата, поради што морала да паузира неколку месеци од натпреварувањето.

This image has an empty alt attribute; its file name is atina-onazis-3.jpg

Но, ова не е крајот. Ниту нејзиниот личен живот не бил полн со рози. Голема трагедија се случила во март 2011. Додека Атина и нејзиниот сопруг биле во Белгија со децата, со скок од седми кат се самоубила 36-годишната Сибеле, поранешната девојка на Алваро со која тој имал ќерка. Таа на својот Твитер профил му оставила порака на бившиот:

„Нека Господ еден ден ти прости за се што ми направи мене, на Атина и децата“

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Έκτακτα Νέα (@ektaktanea)

По 11 години брак, го фатила својот сопруг Алваро де Миранда Нето, во нивниот брачен кревет на Флорида, со белгискиот модел, со кој наводно се забавувал осум од 11-те години брак со Атина.


Тоа сознание кое неодоливо ја потсетувало на сето она низ што поминала нејзината мајка со нејзиниот татко, ја натерало веднаш да ја прекине врската. Од тој момент започнал еден од најгрдите случаи на развод.
Се вели дека на крајот Алваро се согласил на сумата од 100 милиони долари, како и на делот договорен во предбрачниот договор – дека ќе добива по милион долари за секоја година брак.
За проклетството на семејството Оназис се зборува со години. Како и да е, факт е дека ниту една наследничка немала лесен живот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕСТ ЗА ЛИЧНОСТ на Фројд: Одговорете на осум кратки прашања и дојдете до најдлабоката точка на вашата потсвест

Одговорите нека бидат она на што прво ќе помислите Зигмунд Фројд се смета за татко …