(РЕЦЕПТ/ВИДЕО) МАКЕДОНСКИ КОЛАЧ: Сочен десерт кој се топи во уста

Во посните денови не треба да заборавиме на слатките, па затоа ви пренесуваме рецепт за македонски посен колач
Колачите со малку маснотии се подеднакво вкусни како и мрсните, а добар пример за тоа е македонскиот колач:
Потребно е:
3 филџани (од бело кафе) брашно
2 филџани гриз
1 прашок за пециво
150 грама сечкани ореви
цимет
3 филџани минерална вода
1,5 филџани масло
Ако сакате, можете да додадете и сечкано суво грозје
50 гр ореви за посипување
Сируп:
250 гр шеќер
250 мл вода
1 ванилин шеќер
Подготовка: соединете ги сите состојки за тестото и истурете во плех, посипете со сечканите ореви и печете на 180 степени.
За тоа време подгответе прелив од шеќер, вода и ванилин шеќер. Изладениот колач прелијте го со врел сируп. Откако колачот ќе се излади, го сервираме.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Првите знаци дека заљубеноста се претвора во ОПСЕСИЈА: Препознајте го проблемот на време

На почетокот на секоја врска, особено во фазата на заљубување, вложуваме многу енергија во врската, …