Овен
Љубов:
Загрижени сте за настани кои вознемируваат блиска личност. Вложувате голем напор за да исполните нечии очекувања.
Работа:
Ви се нуди добра можност да ги докажете своите професионални способности. Треба да ги проверите новите информации.
Здравје:
Ќе ви годи креативен одмор и релаксација.
Бик
Љубов:
Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Важно е работите да завршат на добар начин. Доволно сте вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации.
Здравје:
Не ги задржувајте вашите чувства или желби, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Обидете се да бидете „позитивно наметливи“ или неизбежни во мерка до која е пожелна во емотивните средби.
Работа:
Доколку сте информирани и превземливи, ве очекува двојна добивка. Користете ги вашите скриени средства.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации, опуштете се.