Денеска се слави Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски: Вториот Мојсеј исполнува желби ако го направите ова!

Божји човек и голем чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност, се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина во мачни подвизи. Славата за него се пренесе насекаде и Федим, епископот Амасиски, сакаше да го посвети за епископ Кесариски. прозорливиот Григориј ја забележа Федимовата намера, па се криеше по пустината од неговите пратеници, за да не го најдат. Најпосле, Федим го посвети на чудесен начин и Григориј мораше да ја прими архипастирската служба. Му се јави Пресвета Богородица со свети Јован Богослов и на заповед од Богородица, свети Јован му го предаде Симболот на Верата познат под името Григориев. Кој ќе ги изброи чудата на овој втор Мојсеј? Им заповедаше на злите духови, заповедаше над горите и над водите, ги лечеше сите маки и болести, пред гонителите стануваше невидлив, ги проѕираше на далечина не само настаните туку и мислите на луѓето. Земниот живот го заврши во 270 година, во длабока старост. Кога дојде за епископ во Кесарија го затекна сиот град незнабожечки и само седумнаесет христијани во него. А кога си заминуваше од овој живот го остави сиот град христијански, а само седумнаесет незнабошци во него. За ова прими венец на слава од својот Господ.


Денеска одете во црква, запалете свеќа и замислете си една желба, која светецот ќе ја исполни.

Преподобен Никон Радоњежски
Ученик и наследник во игуменството на свети Сергиј Радоњежски. Кога варварите нападнаа на Русија, тој Му се молеше на Бога да ја отстрани таа беда од рускиот народ. Тогаш му се јави свети Сергиј со Петар и Алексеј, упокоените московски митрополити и му рече да не тагува, зашто таа навала е Божјо допуштение заради некое добро, таа ќе помине и мирот повторно ќе се зацари. Го обнови манастирот на Света Троица и на мнозина им послужи за пример во подвижништвото. Се упокои на 17 ноември 1426 година.


Маченици Викторија и Ацискл Кордобски
Пострадаа во време на гонењето на императорот Диоклецијан, во почетокот на IV век. Ацискл и Викторија беа брат и сестра, родум од Кордоба, или од околината на градот. Водеа праведен живот. Кога почна гонењето на христијаните, тие беа повикани кај чиновникот Дион. После долги измачувања, Ацискл беше обезглавен во градскиот амфитеатар, а Викторија убиена со стрела. Нивните тела ги зеде Матрона Минцијана и ги погреба на својот имот. На тоа место подоцна беше изградена црква, а во XIII век беше основан и манастир.

Преподобен Генадиј Ватопедски
Монах Ватопедски на дохијарска (економска) должност. Во тоа време на чудесен начин се наполни со масло испразнетото буре за масло. Ова чудо ѝ се припишува на Пресвета Богородица, на којашто ѝ е посветен манастирот, а особено на Нејзината икона што стои таму каде што се чува бурето за масло.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) МОМЕНТ НА ​​ЗЕМЈОТРЕС ЗА ВРЕМЕ НА ЈАВУВАЊЕ ВО ЖИВО – Ова сме го виделе само во филмови за катастрофи: Репортер известувал во живо, луѓе оделе по улица, а потоа се урнала зграда

Нов земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди областа околу Кахраманмараш Нов земјотрес со …