Светското првенство во Катар денеска продолжува со четири нови натпревари од второто коло, а најинтересен ќе биде дуелот меѓу Шпанија и Германија со кој ќе се заокружи денот.
Германија нема што да тактизира на овој меч, бидејќи за да помине понатаму мора да оди на победа, поради тоа што во првото коло неочекувано беше поразена од Јапонија. Далеку порастоварена ќе биде Шпанија, која веројатно би се задоволила со реми бидејќи претходно ја совлада Костарика, а во последното коло ќе има дуел со Јапонците.
View this post on Instagram
Дуелот меѓу Јапонија и Костарика, кој денеска го отвора денот, ќе даде многу одговори. Ако победат Јапонците, речиси сигурно ќе се пласираат во нокаут фазата, додека Костариканците ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток од првата рунда кога беа декласирани од Шпанците.
Денеска ситуацијата се разрешува во групата Ф, каде во најудобна ситуација е селекцијата на Белгија, единствена која славеше во првото коло против Канада. Белгија денеска ќе игра против Мароко, а евентуална победа и официјално ќе ја одведе во второто коло.
Далеку потешка е ситуацијата пред Хрватска која игра против Канада, а се освен победа би било еднакво на катастрофа за избраниците на Златко Далиќ кои ја бранат титулата светски вицешампион.
Парови од групата Е:
11:00 Јапонија – Костарика
20:00 Шпанија – Германија
Табела:
Група Е
Парови од групата Ф:
14:00 Белгија – Мароко
17:00 Хрватска – Канада
Табела:
Група Ф
Фото: Принтскрин/Instagram