(ФОТО) ДЕЗЕН НА АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ – Џорџина предизвикала дебата поради овој фустан: „Кардашијанка барем ги троши своите пари, а не на Роналдо“

И’ додека Кристијано Роналдо моментално минува низ најтурбулентниот период во кариерата, поради кој неодамна се расплака на Светското првенство во Катар, неговата свршеница се посветила на снимањето на втората сезона од документарната серија на Нетфликс која го следи нејзиниот живот.
Џорџина на својот Инстаграм профил објавила и серија фотографии на кои позира во фустан и чизми со дезен од американски долари.
Објавата за само неколку часа доби речиси милион лајкови, но доби и бројни критики.

„Џорџина многу брзо премина од Домаќинка во Кардашијанка“, напишал еден следбеник.
„Да, таа сè повеќе личи на Ким Кардашијан“, се согласил друг.
Сепак, имало и такви кои веруваат дека Џорџина и Кардашијан не се споредуваат.
„Ким и нејзините сестри барем ги трошат парите што ги заработија, Џорџина ги троши Роналдовите“, „Факт е дека без Роналдо и образование може да го работи само она што го правеше, да биде продавачка“, „Ким Кардашијан преку реално шоу и нејзиниот бренд заработува милиони, Џорџина воопшто нема никаква професија“, се дел од коментарите, а голем број нејзини следбеници ова издание го сметаат за чист кич и невкус.
Инаку, Роналдо неодамна стана најследената личност на Инстаграм и има над 500. милиони следбеници, додека Џорџина се приближува до 40. милиони.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Поранешниот словенечки претседател го продава својот автомобил од 1991 година

Пред неколку дена Борут Пахор се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер. …