*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Откријте каков викенд е пред вас…
Овен
Почестете се со мирен и релаксирачки викенд, бидејќи ве очекува недела со предизвици и во приватна и деловна смисла. Љубовта е мирно пристаниште и таму ги полните батериите.
Бик
Неделата зад вас ве исцрпи. Вие лично сеуште имате оптимизам и сила да се „борите“. За да го зачувате тој дух, одморете се во деновите од викендот. Кога станува збор за љубовта, потрудете се да не ја пренесувате нервозата на партнерот.
Близнаци
Слободните Близнаци можат да очекуваат интересен повик од личност со која некогаш се скарале. Сега постои можност тоа да прерасне во нешто посериозно.
Рак
Љубовта на партнерот ви е најважна и никогаш нема да ја запоставите вашата врска. Но, за овој викенд, можеби ќе го погледнете партнерот со други очи и ќе видите дека не можете само вие да давате.