(ФОТО) Нејмар во солзи го заврши натпреварот против Србија, во Бразил стравуваат од најлошото

Фудбалската репрезентација на Бразил со победа над Србија (2:0) успешно тргна по титулата шампион на Светското првенство во Катар, но Кариоките се загрижени поради повредата на најдобриот играч Нејмар.
Напаѓачот на ПСЖ мораше да го напушти теренот во вториот дел по страшниот старт на Никола Миленковиќ, а камерите потоа го забележаа како плаче на клупата за резерви.
Тоа не беше се, бидејќи по натпреварот се покажа изгледот на неговиот повреден зглоб, што воопшто не ветува со оглед на отокот што се појави и големо прашање е дали ќе биде подготвен да го продолжи турнирот.


Иако сериозноста на повредата допрва треба да се утврдува, бразилскиот селектор Тите тврди дека Нејмар ќе игра на остатокот од Мундијалот, иако не прецизираше кога може да се очекува неговото враќање.

View this post on Instagram

A post shared by 433 (@433)


„Не грижете се, Нејмар ќе игра на Светското првенство. Ќе продолжи, бидете сигурни во тоа“, изјави Тите.
Во следното коло Бразил игра против Швајцарија, додека Србија има „поправен“ натпревар против Камерун.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …