(ФОТО) КАКОВ ГОЛ – Ричарлисон воодушеви со „ножичките“ против Србија, погледнете го најубавиот гол на Мундијалот

Репрезентацијата на Бразил вчера ја победи Србија со резултат 2:0, а двата гола за Кариоките ги постигна Ричарлисон.
Првиот гол го постигна во 62. минута кога ја смести топката во мрежата откако Вања Милинковиќ-Савиќ го одбрани ударот од левата страна на Винисиус Јуниор.
Вториот гол е веќе кандидат за гол на турнирот, а во главни улоги повторно беа Винисиус Јуниор и Ричарлисон.

View this post on Instagram

A post shared by 433 (@433)


Напаѓачот на Реал се проби и нафрли со надворешен удар, а Ричарлисон со феноменални ножички го совлада немоќниот голман.


Погледнете го голот овде.

View this post on Instagram

A post shared by 433 (@433)


Напаѓачот на Тотенхем на најдобар можен начин го отвори турнирот, а Бразил ги потврди прогнозите на јавноста дека се први фаворити на турнирот.
Во следното коло Бразил игра против Швајцарија, додека Србија има „поправен“ натпревар против Камерун.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …