СП ВО КАТАР – ЧЕТИРИ НАТПРЕВАРИ: Денеска започнува второто коло на Светското првенство, Англија и Холандија „бркаат“ победи за да се пласираат понатаму

Со натпревари во групите А и Б денеска почнува 2. коло на Светското првенство во Катар, а најинтересна би требало да биде пресметката меѓу Англија и Соединетите Американски Држави.
Програмата започнува во 11 часот со меч меѓу Велс и Иран кој може да биде многу важен кога е во прашање борбата за второто место во групата.
Велшаните во првото коло освоија бод против Американците и со евентуален триумф би направиле важен чекор кон минувањето, додека на Иран му се даваат многу мали шанси по тешкиот пораз од Англија 6:2. И’ покрај тоа, Иранците ќе се обидат да го подобрат впечатокот и да се приклучат во борбата за второто место.

Истото важи и за селекциите на Катар и Сенегал кои се среќаваат од 14 часот. И двете репрезентации претрпеа порази на стартот од првенството, а судејќи по прикажаното, Сенегал и натаму е фаворит против домаќините.
Нешто поголема возбуда не очекува во попладневниот термин, а од 17 часот ќе ја следиме пресметката помеѓу Холандија и Еквадор.
Двете селекции имаат можност речиси со евентуална победа да обезбедат осминафинале, а судејќи по прикажаното во првото коло, популарните лалиња, кој се фаворити, ги чека тешка задача против непријатните јужноамериканци.
Конечно, Англија и САД се среќаваат во 20 часот. Англичаните го совладаа Иран и ја најавија својата кампања за титулата, додека Америка импресионираше во еден дел од натпреварот против Велс со својата напаѓачка игра и високиот пресинг.
Сепак, Гордиот Албион е голем фаворит и се’ освен сигурна победа која би ги отворила вратите за вториот круг би било навистина големо изненадување.


This image has an empty alt attribute; its file name is tabela-na-prva-grupa.jpg

Распоред:


11: 00 Велс – Иран

14:00 Катар – Сенегал

17:00 Холандија – Еквадор

20:00 Англија – САД

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …