Пламенка Трајковска со Концертот за деца „Карневал на животните“ на 26 ноември (сабота) во 13.00 часот во Дом на АРМ

Концертот за деца Карневал на животните ќе се одржи на 26 ноември (сабота) во 13.00 часот во Дом на АРМ.

Концертот е хуманитарен и сите средства од продажбата ќе бидат донирани во СОС Детско Село. Цената на билетите е 100 денари и ќе се продаваат преку продажната мрежа на Karti MK.


Македонската детска публика ќе има единствена можност во живо да ја слушне фантастичната композиција Карневалот на животните во изведба на виолинстката Пламенка Трајковска а во пијано придружба на Ајхан Куртов. Наратор на концертот ќе биде нашата поетеса Анита Бошкова. Специјални гости се ученици од училиштето Ѓорѓија Пулевски од четвро четири одделение кои изработија маски од ,,Карневалот на животните,, под раководство на наставничката Јулија Петроска.

,,Карневалот на животните” е најпознатата композиција за деца од францускиот композитор Камиј Сен Санс. Композицијата е хумористична музичка свита со четиринаесет ставови, која тој ја напишал во 1886 година. Оригинално е напишана за две пијана и мал камерен состав. Сен Санс забранил јавни изведби на Карневалот на животни, бидејќи сметал дека композицијата ќе му го загрози угледот како сериозен композитор. Композицијата е објавена по смртта на композиторот во 1922 година и од тогаш се смета за една од најпознатите дела на класичниот репертоар за деца.


This image has an empty alt attribute; its file name is Plamenka-Trajkovska4.jpg

„Карневалот на животните” музички опишува различни животни – лав, кокошки, желки, слон, кенгур, риби, магариња, кукавица, птици, лебед. Кога децата слушаат, треба да ги најдат музичките елементи на одделните животни како на пример брзо – бавно животно, дебело или слабо животно, во каква атмосфера се наоѓа и многу други елементи. Преслушувањето на ова дело кај децата овозможува развој на концентрација, имагинативно размислување, препознавање на звучните елементи и многу забава со класична музика.


После голем број на концерти за деца кои Пламенка Трајковска ги реализираше со нејзините мали камерни состави и нејзиниот гудачки квартет, таа одлучи да направи адаптација на ,,Карневалот на животните,, за виолина и пијано и да даде свој посебен осврт кон ова маркантно дело.

Во 2018 година виолинистка Пламенка Трајковска го сними албумот Карневал на животните и тоа е достапно на сите дигитални платформи. После четири години од создавањето на албумот, македонската детска публика за прв пат ќе може да ужива во концерт во живо со ,,Карневалот на животните,, како ексклузивна концертна промоција.

Виолинистката Пламенка Трајковска интензивно работи на создавањето на музичка култура кај децата и младите. Таа е автор и изведувач во повеќе концерти за деца како концертите Гудачки квартет во наше маало, Музика и танц, Музика и цртан филм, Што е тоа гудачки квартет, Моцартисимо, Волшебен квартет, Карневал на животните во адаптација за виолина и пијано.

Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

Организатор на концертот е Дирекцијата за култура и уметност и концертот е во рамките на Есенските музички свечености. Концертот се реализира со помош на Град Скопје и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОБ: На 2. декември изведба на балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

На сцената на Националната опера и балет на 2 декември 2022 со почеток во 20.00 …