Книжевна дружба со Јулијана Величковска во сабота во „Буква“

Во рамки на „Ноември со Јулијана Величковска“ неформалното младинско здружение „Култура Бета“ ја најавува книжевната дружба со Јулијана Величковска. Настанот ќе се одржи на 26 ноември во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот.

This image has an empty alt attribute; its file name is julijana-velickovska-knigi.jpg
Присутните на настанот ќе можат да проследат разговор посветен на делата и преводите на Величковска, читање од стихозбирките „Комарци“ и „Отворена книга“ и од романот „Годишни времиња“, а ќе биде прикажан и поетскиот филм „Комуна Капиштец 2001“ на Марија Шаклева и Сандра Ѓоргиева направен според истоимената песна на Величковска. Модератор на настaнот ќе биде младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски.


This image has an empty alt attribute; its file name is jule-dobri-gosti.jpg
Јулијана Величковска има дипломирано на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на Катедрата за македоска книжевност и јужнословенски книжевности. Таа е поетеса, писателка, уредничка и преведувачка. Член е на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, ко-основач е и директорка на „Скопскиот поетски фестивал“, член е на Друштвото на писатели на Македонија и основач на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ во Скопје. Таа е автор на две поетски збирки „Комарци“ (2010, ПНВ Публикации) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации), еден роман – „Годишни времиња“ (2014, 2015, 2019, ПНВ Публикација) и една монографија „ХХ години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, Поетска ноќ во Велеството), а е преведувач и на преку 20 дела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОБ: На 2. декември изведба на балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

На сцената на Националната опера и балет на 2 декември 2022 со почеток во 20.00 …