(ВИДЕО) МАГИЈАТА НА РИЧАРЛИСОН – Најубавиот гол на Мундијалот во Катар не е случајност, погледнете како Бразилецот го вежбал пред натпреварот со Србија

Голот на бразилскиот фудбалер Ричарлисон против Србија во натпреварот од 1. коло од групната фаза на Светското првенство во Катар, кој веќе важи за најдобар на Мундијалот, не беше резултат на случајност, туку на константни тренинзи, изјави овој напаѓач на Тотенхем.

По натпреварот помеѓу Бразил и Србија (2:0), на интернет стана популарно видео од пред неколку дена, каде Ричарлисон постигнал сличен гол на тренингот на оваа репрезентација, со тоа што не ја „смирил“ топката, туку акробатски „од прва“ ја испратил во мрежата.



Токму за ова зборувал по натпреварот, велејќи дека ако може да направи нешто на тренинг, тогаш нема проблем да го направи тоа во игра.
„Постигнав сличен гол на тренинг пред да одам во Катар. Ако можете да направите нешто на тренинг, можете да го направите тоа на натпреварот. Ми се отвори можност и постигнав гол, а сакам да бидам уште подобар и се надевам дека ќе успеам“, изјавил овој напаѓач на Тотенхем по натпреварот.


Ричарлисон на најдобар можен начин го отвори турнирот, и го исполни ветувањето дека ќе постигне гол против Србија. Покрај тоа, Бразил ги потврди прогнозите на јавноста дека се први фаворити на турнирот.
Во следното коло Бразил игра против Швајцарија, додека Србија има „поправен“ натпревар против Камерун.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …