Dizajn bez naslova - 1

(ФОТО) Со гордост ја носел титулата најбогат човек на светот, а потоа трагедија ги засени сите пари и моќ: За еден ден изгуби три деца

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен го одбележа страшна трагедија. Тој изгуби три деца во терористички напад пред три години.


Сопственикот на АСОС и компанијата Bestseller и акционер на Zaland, Андерс Холх Повлсен (49), е најбогатиот Данец и еден од најмладите милијардери што се најде на листата на најбогати на Sunday Times. Минатата година го зазеде 28. место на таа листа, а годинава се најде и на листата на Форбс на најбогати со богатство од 13,6 милијарди фунти.
Тој е и сопственик на најголемиот имот во Шкотска, каде што има земјиште кое се протега на повеќе од 200.000 хектари.

View this post on Instagram

A post shared by SIC Mulher (@sicmulher)



Неговото деловно патување започнало кога неговото семејство отворило семејна продавница во малиот дански град Рингкобинг во 1975 година. Тој ја презел палката на 28 години и оттогаш само ниже деловни успеси.
Сепак, сето тоа остана во сенка на страшната трагедија што го снајде неговото семејство пред три години.

This image has an empty alt attribute; its file name is danec-pogreb-deca3.jpg


Три од децата на Повлсен беа убиени во терористички напад во Шри Ланка во кој загинаа стотици луѓе. Неговите ќерки Алма (15) и Агнес (12) и синот Алфред (5) загинаа во бомбардирањето на три цркви истовремено, додека неговата ќерка Астрид преживеа.

View this post on Instagram

A post shared by ET Panache (@etpanache)


Една година по трагедијата што ги скрши, семејството Повлсен сепак доби добри вести. Данскиот милијардер и неговата сопруга Ен Сторм Педерсен станаа родители на близнаци на почетокот на 2020. година.

This image has an empty alt attribute; its file name is danec-pogreb-na-trite-deca-2.jpg
Неговата сопруга исто така е деловна жена, а заедно се сопственици на познатиот бренд Jack&Jones. Се запознале додека таа работела во неговата компанија Bestseller, поточно седела во одборот на директори.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕВЕНЦИЈА – Обрнете внимание: Ова се 4-те први сигнали кои укажуваат на НЕДОСТАТОК НА КАЛИУМ

И’ грчевите и хроничниот замор можат јасно да укажуваат на недостаток на овој елемент…Недостатокот на …