(ФОТО) СЕГА УЖИВА ВО ЛУКСУЗ – Новак Ѓоковиќ за тешките почетоци: „Моравме да се снаоѓаме за да преживееме!“

Еден од најуспешните тенисери Новак Ѓоковиќ благодарение на професионалните достигнувања успеа на себе и на своето семејство да си обезбеди удобен живот.
Семејството Ѓоковиќ ужива во луксуз и на списокот на нивниот имот има приватен авион, како и многу други скапи работи достапни само за најбогатите.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)



Со оглед на тоа што Новак на завршниот турнир годинава заработи нешто повеќе од 4,7 милиони долари, што е повеќе од некој што некогаш освоил во тенисот, новинарите го прашаа, дали сега гледа само долари?

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)



„Воопшто не гледам долари, гледам само евра“, се пошегувал славниот тенисер и се навратил колку тешко живееле некогаш.

View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


„Но, јас многу добро знам што значи да имаш нула евра во петчлено семејство. Да не заборавиме од каде потекнувам, детството ми беше одбележано со војна и санкции. Секое евро што го заработив, го заработив со труд и со помош на моето семејство и тимот“, рекол тој.
Ѓоковиќ потоа додал дека многу добро ја познава другата страна, што му помага уште повеќе да го цени она што го заработува.

Само од наградите на турнирот Новак Ѓоковиќ има заработено 164.691.308 долари.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Потпретседателка која зборува четири јазици: Светот продолжува да коментира за наводната нова девојка на Бред Пит – „Мојот нов дечко“

Иако беше во брак со актерот Пол Весли, јавноста се заинтересира за атрактивната Инес де …