(ФОТО) ПОТПОЛНО ПРОПАДНАЛ – ПОЗНАТИОТ АКТЕР СЕ ШЕТА ВО ИСКИНАТА и ФЛЕКАВА МАИЦА: Обвинет за силување, сопругата го оставила, а татко му СЕ ОТКАЖАЛ ОД НЕГО! Загрижувачки изглед!

Изразот „од ѕвездите до калта“ на својата кожа го почувствувал познатиот актер Арми Хамер. На овој холивудски убавец, по изненадувачкиот успех на режисерот Лука Гвадањини со филмот „Call Me By Your Name“ од 2017 година, во кој Хамер ја толкуваше главната улога и ангажманите во филмовите како „Извини што те мачам“, „Рани“, „Ребека“ и „Смрт на Нил“, на Арми му се насмевнуваше блескава кариера.
Сепак, обвинението за канизаблиам и објавувањето на бизарна преписка меѓу актерот и неговите љубовници биле доволни за целосно да се избрише Арми Хамер од седмата уметност.

This image has an empty alt attribute; its file name is arni-hamer-1-682x1024.jpg
Извори блиски до Арми Хамер изјавиле за магазинот People дека актерот моментално работи на Кајманските Острови како менаџер на станбен комплекс.
Според изворот, Хамер, кој е правнук на нафтениот тајкун Арманд Хамер (чие богатство се проценувало на 800 милиони долари во моментот на неговата смрт), „не е на семејниот платен список“ и бил принуден да работи редовна работа после холивудскиот пад и обвиненијата за силување што беа покренати против него минатата година.


This image has an empty alt attribute; its file name is arni-hamer-2-683x1024.jpg
Откако обвиненијата излегоа на виделина, актерот беше отфрлен од неговата агенција и последователно отпуштен од различни филмски проекти, вклучувајќи ја и серијата „Понуда“ (со Мајлс Телер, кој ја повтори неговата улога) на „Парамаунт плус“, филмот со Џенифер Лопез „Свадба со пушка“, како и трилерот „Шпион од милијарда долари“.
Арми Хамер вчера, по смртта на неговиот татко, за прв пат е виден во Венеција. Актерот е фотографиран во искината и извалкана маичка. Неговиот грозен изглед предизвикал кревање на веѓи и вртења на улицата.

This image has an empty alt attribute; its file name is arni-hamer-3.jpg
Мајкл Хамер, таткото на Арми Хамер, почина по долга борба со ракот.


Таткото на Арми, пред неговата смрт, бил многу јасен дека не сака да го издржува синот бидејќи Хамер ја изневерувал сопругата, бил обвинет за силување и за испраќање бизарни пораки во кои се провлекуваат мотивите на канизаблизмот. Сопругата на Арми, Елизабет, поднела барање за развод во јули, по десет години брак со актерот, во кој имаше две деца.

Извор: kurir.rs


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЧИВАЈ ВО МИР – Починал легендарниот актер Давор Јањиќ, имал 53 години

Босанскиот актер Давор Јањиќ починал синоќа на 53-годишна возраст во Белград. Оваа информација ја потврдија …