(ФОТО) ЕУФОРИЈА ПО ПОБЕДАТА – Уште една урнебесна снимка од навивачи на Саудиска Арабија: „Каде е Меси?

Уште едно урнебесно видео на навивачите на Саудиска Арабија стана хит на TikTok, на кое се гледа како еден од нив го прекинува новинарот од Јужна Кореја за да праша: „Каде е Меси?“.
Откако видеото беше објавено на TikTok, се прошири и на други платформи, а на првата беше прегледано повеќе од 3,6 милиони пати.
Под влијание на сензационалната победа над Аргентина од 2:1, навивач прекинал репортер во живо надвор од стадионот.
„Каде е Меси?“, прашал и повторил неколку пати. Додека репортерот се смеел, навивачот урнебесно го „бараше“ фудбалерот во џебовите.

@middleeasteye Saudi fans interrupted a report on the World Cup by Korean broadcaster MBC, asking the reporter where Argentinian player Lionel #Messi was after Saudi Arabia beat Argentina 2-1. Saudi Arabia is currently on top of group C with three points, followed by Mexico and Poland, who each have one point after their draw. #FifaWorldCup #WorldCup2022 #SaudiArabia #Argentina ♬ original sound – Middle East Eye


Видеата од среќните Саудијци ги преплавија социјалните мрежи, а претходно на интернет освои видеото од навивач како ја вади вратата и ја фрла во дворот по голот на Ал Даусари.
Исто така, победата против Аргентина беше доволна причина следниот ден да се прогласи за државен празник во оваа земја, па средата беше неработен ден за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, а учениците и студентите не одеа на училиште.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СП ВО КАТАР – Србија денеска натпревар кој мора да го добие, Бразил ослабен против Швајцарија

Со денешните четири натпревари завршува второто коло од групната фаза на Мундијалот, а најголемо внимание …