(ФОТО) Дарио наскоро треба да не израдува со една „предновогодишна“!

Дарио Панковски откако се посвети само на музиката не престанува со работа…
По успешните настапи низ Македонија, а во сабота е во Скопје во ноќниот клуб „PURE“, во исто време поодготвува и една нова песна.
Како што наведе на Фејсбук, во студиото на Кристијан Габровски се подготвува една „предновогодишна“…
Познавајќи ги Дарио и Кристијан сигурно ќе станува збор за една весела и хитовска песна со која ќе можеме празниците да си ги поминеме повесело – и со рефрен што ќе си го потпевнуваме…


Како што истакнува Дарио, песната би требало да биде готова деновива, па со нетрпение го очекуваме новото дело од потврдениот тандем.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …