(ФОТО) Во тек се градежни работи за реконструкција на коловозот на улицата Даме Груев, воведен времен режим на сообраќајот

Денес екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата Даме Груев. Тие машински го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со ул.Македонија до ул.11ти Октомври и поради изведба на градежните активности десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација.

На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности на екипите на ЈП Улици и патишта Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот апостол и евангелист Матеј: Честит именден!

Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки …