Последното истражување потврдило: ЖЕНИТЕ СО ОВИЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ИМ СЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ НА МАЖИТЕ – Немаат никаква врска со изгледот

Жените со овие квалитети ќе го освојат срцето на секој маж
Иако заљубувањето не е нешто што науката може да го дефинира, експертите ширум светот се уште се обидуваат да откријат какви мажи и жени се најпривлечни и што ги прави толку неодоливи…
Според најновите истражувања, експертите дошле до заклучок дека постои една женска особина која е далеку поважна од физичкиот изглед и дека таа е причина за нечија магнетна привлечност. Како што велат научниците, мажите најлесно се заљубуваат во среќа!
Жените кои се радосни и зрачат со позитивни емоции се далеку попривлечни и секогаш на некој начин завршуваат во центарот на вниманието, привлекувајќи ги погледите на сите луѓе околу себе, кои потсвесно мислат дека можат да станат среќни со таква личност.

Овој пат со вас ги споделуваме главните карактеристики на таквите жени:


1. Тие се насмеани
Според студијата, тим психолози спровеле многу интересен експеримент: на учесниците им биле покажани фотографии на кои некои луѓе се насмеани, а други сериозни. Потоа, испитаниците биле замолени да кажат кои луѓе им се попривлечни, а како што може да претпоставите, победија фотографиите од насмеани луѓе, иако нивните конкуренти имале подобар физички изглед.

2. Не ги етикетираат другите луѓе
Жените кои се среќни и задоволни со себе и својот живот не губат време коментирајќи и осудувајќи ги другите. Кај секого гледаат нешто позитивно и добро, а зрачат со топлина и привлечна енергија, која на мажите делува како магнет.


3. Ги води оптимизмот
Како што споменавме, овој тип на жени во се ја гледа добрата страна, а можеби дури и може да кажеме дека лесно наоѓаат излез и од најнегативната ситуација. Затоа, таквата личност е добар партнер и придружник за цел живот, бидејќи кога сте со неа, се чини како целиот свет да ви е на дланка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕВЕНЦИЈА – Обрнете внимание: Ова се 4-те први сигнали кои укажуваат на НЕДОСТАТОК НА КАЛИУМ

И’ грчевите и хроничниот замор можат јасно да укажуваат на недостаток на овој елемент…Недостатокот на …