НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Изложба на дела од 14 –та колонија Марко Цепенков Дрен 2022

На 25 ноември 2022/ петок/ во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ од 19.00 ч. ќе биде отворена изложбата на дела од 14 –та колонија Марко Цепенков Дрен 2022, што Центарот ја реализираше од крајот на јуни до почетокот на јули.
Ќе бидат изложени шест скултури и 30-тина слики што во еднонеделната дружба ги создадоа 22 уметници учесници на колонијата.

This image has an empty alt attribute; its file name is plakat-za-izlozba.jpg
Прилепските љубители на ликовната уметност ќе ги проследат делата од Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска, Ибрахим Беди, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓурова, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски, Павлина Илијеска, Верче Николоска, Методи Исков, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Александар Џинго, Сарита Конеска, Славчо Павлески….
Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржа со финансиска поддршка на Министерството за култура.
Досега на колонијата, во изминатите 13 години, создадени се над 370 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОБ: На 2. декември изведба на балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

На сцената на Националната опера и балет на 2 декември 2022 со почеток во 20.00 …