Некои од најпопуларните уреди на Xiaomi до крајот на ноември и до 45 отсто поевтини – Водич за понудата на Xiaomi Black Friday: Еве каде можете да ги купите вашите омилени уреди

Искористете ги попустите кои рано ќе ги донесат празниците во вашиот дом

Конечно е крајот на ноември, времето на најголемите попусти во годината, а сите оние кои го чекаа овој период за да купат нов смартфон или апарати за дома, имаат на што да очекуваат. Некои од најпопуларните уреди на Xiaomi од 21 до 30 ноември ќе добијат попуст до 45 проценти! Оваа светска компанија реши како и секоја година да ги израдува своите многубројни фанови со атрактивна есенска промоција. Искористете ја специјалната понуда и дочекајте ги празниците со Xiaomi.


Кон крајот на минатата година, беше објавено дека уредите Redmi на Xiaomi се една од најпродаваните телефонски серии на сите времиња. Причината за ова ќе ја откријат сите оние кои ќе ја искористат промоцијата до крајот на ноември и ќе го купат Redmi 9C 3+64GB по цена од 7.299 или најновиот Redmi Note 11S 6+128GB за само 12.999 денари. Попустите ќе важат во продавницата на Xiaomi, но и кај партнерите Neptun, Setec, Tehnomarket, Anhoch.

Redmi 9C е компактен уред и гарантирано ќе ви биде најдобар сојузник во секојдневните задачи бидејќи има одлична батерија со висок капацитет од дури 5000 mAh која ќе ви овозможи да го користите вашиот омилен гаџет во текот на целиот ден. Овој телефон има TUV Rheinland сертификат за намалена емисија на сина светлина и е одличен за оние кои се принудени да гледаат во екранот неколку часа во текот на денот поради разни секојдневни обврски. Има и главна камера од 13 MP и предна камера од 5 MP, во кои тие ќе можат постојано да прават јасни слики од вашата околина, а за сето тоа да функционира без најмало доцнење, постои MediaTek Helio процесорот, додека функцијата NFC ќе овозможи бесконтактно плаќање каде било. Со Redmi 9C секој корисник на својот смартфон има речиси се што му е потребно за да функционира во текот на денот, а само додека трае кампањата цената за овој уред ќе биде само 7.299 денари, додека редовната цена е 9.199.


Телефонот што многумина го очекуваат е Redmi Note 11S кој беше претставен оваа година. Ако ви требаат моќни спецификации како исклучителна камера од 108 MP и процесор MediaTek Helio G96 комбинирани во елегантен и ефективен дизајн, ова е веројатно најдобриот уред за вас. Брзото Pro полнење од 33W ќе гарантира дека ќе се вратите на вашите обврски за кратко време, а со моќниот систем за полнење со голема батерија од 5000 mAh, повеќе нема да треба да го носите полначот во вашата торба цел ден. Тука е секако и напредната технологија LiquidCool, благодарение на која телефонот не се загрева, што овозможува подобро функционирање на процесот, но и го олеснува држењето и носењето во рака. Redmi Note 11S е исклучителен модел кој на многу полиња може да им конкурира на најпознатите модели на телефони во светот, а додека трае попустот Black Friday овој модел можете да го купите за само 12.999 денари, што е заштеда од дури 9.000, со оглед дека е редовен цената на овој телефон е 16.999.

Не ја пропуштајте оваа феноменална промоција и во периодот од 21.11 до 30.11 повелете во продавницата на Xiaomi во ГТЦ Приземје или Ми зона во Веро Џамбо за да се израдувате себе си и вашите најблиски. Сите информации за оваа понуда можете да ги најдете на следниот линк.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ: Tesla Model Y удрил во два автомобили во Кина, загинале две лица

Кинеските власти започнале истрага по уште една фатална сообраќајна несреќа во која учествувал електричниот автомобил …